Основната дејност ни е изведба на далекуводи и трафостаници, до 400KV, електрични инсталации во индустриски и станбени објекти, улично осветление и громобрански инсталации. Имаме производен погон во кој ги произведуваме сите видови шајки, завртки за дрво, плетена жица и жица за колци. Од 2004год. во соработка со “Шнајдер – Електрик” од Франција започнавме со асемблирање на 10 и 20KV среднонапонски ќелии кои се монтираат во трансформаторски станици 10/0,4KV и 20/0,4KV . За наведените дејности вршиме и изработка на проектна документација. За изведување на овие дејности сме комплетно опремени со сите потребни алати, работни машини, помагала и со соодветен стручен кадар. Од вкупниот број на вработени имаме двајца дипломирани електро инженери, еден дипломиран машински инженер, двајца електро инженери, пет ел. техничари и дваесет и пет искусни висококвалификувани монтери и електричари. Поради ова сме подготвени работите што ги изведуваме да ги договараме “Клуч на рака” и да ги завршуваме квалитетно, навремено, сигурно, доверливо и се разбира со пристапни цени . Најмногу сме работно ангажирани во изградба на далекуводи и трафостаници во МЕПСО и во следните подружници електродистрибуции од - ЕВН Македонија: Кавадарци, Велес, Прилеп, Неготино, Крива Паланка, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Виница, Делчево, Валандово, Гевгелија, Радовиш, Кичево, Битола, Гостивар, Македонски Брод и Скопје. Со повеќето од горенаведените Ел. дистрибуции имавме склучено Годишни Рамковни Договори за изведба на електромонтажни работи, и тоа: - Со ПО “Електродистрибуција” – Кавадарци за тековните: 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Неготино за тековните: 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011 год. во склоп на КЕЦ – Кавадарци.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Прилеп за тековните: 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007 и 2008 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Битола за тековните: 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2009 и 2010 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Пробиштип за тековните: 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011 год. во склоп на КЕЦ – Кочани.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Велес за тековните: 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008 и 2010 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Скопје за тековните: 2003, 2004 и 2005 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Кичево за тековните: 2003, 2004, 2005, 2006, 2007 и 2008 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Кочани за тековните: 2004, 2005, 2009, 2010 и 2011год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Свети Николе за тековните: 2004, 2005, 2006, 2009 и 2010 год. во склоп на КЕЦ Штип.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Кратово за тековните: 2004 и 2005 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Штип за тековните: 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Крива Паланка за тековните: 2004 и 2005 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Гевгелија за тековните: 2004, 2005, 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011 год.
- Со ПО “Електродистрибуција” – Радовиш за тековните: 2005, 2006, 2007, 2008 и 2011 год. во склоп на КЕЦ Струмица.
- Со ЕВН – КЕЦ Струмица за 2011год.
Бевме ангажирани и во изградба на електричната мрежа во кризните подрачја. Изградивме 10KV ДВ, трафостаници, 0,4KV мрежи и кабловски водови во с. Арачиново и во с. Опае. Имаме годишен договор за електромонтани работи со ОНЕ ( поранешен Космофон ) за 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010 год. Работиме континуирано и за следните субјекти: Сименс, Фени – Индустрија, Собрание на Општина Кавадарци, ИГМ - Трејд – Кавадарци, МХК ”Злетово” - Велес, Мермерен Комбинат - Прилеп, Министерство за Екологија, Министерство за Економија, Технички гасови – Скопје и др. Наши деловни соработници се следните субјекти : ”Шнајдер - Електрик” - Франција, ”Електротехнички факултет” - Скопје и Битола, “Емо” - Охрид, Ш. С. ”Бор” - Кавадарци, ”АС” - Кавадарци, Винарска Визба “Тиквеш“ - ”Елград” - Неготино, “Мајдан” – Скопје, ”Игма Инженеринг” - Скопје, ”Фем” - Неготино, ”ИГМ - Трејд” – Кавадарци, ”Енергоинвест“ - Сараево, “Далекувод “ – Загреб, “ТСН” - Марибор, “Сименс“ – Скопје. |